петок, 18 октомври 2024

Малкович вети дека Македонија ќе ја стави на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија

Објавено на

часот

Сподели

По  изведбата на претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ во рамките на Охридско лето Малкович вчера во Скопје изјави дека овој проект не само што ќе ја поттикне економијата, туку и ќе го насочи меѓународното внимание на извонредниот талент што се наоѓа во Македонија.

Сите ја споделуваме визијата за поставување на Северна Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, покажувајќи ја нејзината убавина, талент и потенцијал. Овој напорен проект е доказ за вербата во истрајноста – и дека со работа рака под рака… заедно ќе создадеме нова економска иднина за регионот, рече Џон Малкович.

Проектот предвидува изградба на филмски студија, бизнис комплекс за истражувања, едукации, сместување, трговија… Носители на овој проект се лица од САД, Србија и од земјава. Малкович е еден од партнерите во студиото „Стоунбриџ“, заедно со актерот Мет Дилон, ко-основачот на студиото Ерик Брнс и претседателот Иван Видаковиќ, српски бизнисмен.  

„Моето партнерство во овој проект е мојот начин да се вратам, да придонесам за дел од светот кој мене многу ми значи. Ќе изградиме наследство кое не само што ќе влијае на филмската индустрија, туку и ќе остави траен впечаток во срцата и умовите на сите кои ќе се сретнат со магијата на Северна Македонија и ќе ја променат иднината на оваа голема земја“, рече Малкович кој има потекло од Хрватска.

Зад проектот стои групацијата „STP Capital partners“.

Владата од пред повечќе од една година вети дека ќе го разгледа овој проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ