сабота, 27 јули 2024

Малдини сака да донесе три големи засилувања но вели: Во моментов нема пари за тоа

Објавено на

часот

Сподели

По триумфот во Серија А, Паоло Малдини седна на интервју со Газета дело Спорт и говореше на многу теми. Техничкиот директор на Милан вели дека со три големи засилувања ќе можат да да се надигруваат со најсилните во Европа, но во моментов нема пари за нешто вакво.

„Со месеци работиме на трансфер пазарот но во моментов немаме доволно пари за значително да го зголемиме квалитетот на тимот. Се наоѓаме во фаза на транзиција, ќе видиме што ќе се случи…“ – вели Малдини.

„Се зависи од тоа каква ќе биде визијата на сопствениците. Доколку одбереме визија на одржување, без инвестиции, Милан ќе се бори да биде помеѓу најдобрите шест-седум екипи во Италија, целта ќе биде место во Лигата на шампиони, евентуално да се освои Скудетото“.

„Затоа е време сопственикот, Елиот или пак новиот што ќе дојде, да одреди каква ќе биде стратегијата за следниот период“.

„Со три големи засилувања и задржување на сегашниот состав ќе можеме да се надигруваме со најсилните во Европа и да атакуваме на Лигата на шампиони“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ