сабота, 19 октомври 2024

Малдини ги „подбра“ сопствениците на Милан: Ова што го правите е големо непочитување!

Објавено на

часот

Сподели

Милан по 11 години стигна до Скудетото, едни од најзаслужните за овој голем успех се Паоло Малдини и Рики Масара, кои успеаја со ограничени средства да создадат шампионски тим.

Но неколку дена по големото славје, Паоло Малдини ги „подбра“ сопствениците и им порача дека покажале непочитување со тоа што не нашле време да седнат и да разговараат за продолжување на соработката.

„Мојот договор, и договорот на Масара истекуваат и не сме ставиле потпис на нов. Поради успехот кој го донесовме и она што се случи во минатото како кризата со Рангник, големо непочитување е тоа што генералниот извршен директор и Елиот не најдоа време да седнат со нас и да разговараат“ – вели Паоло Малдини во интервју за Газета дело Спорт.

„Велам само да разговараме, бидејќи можат да ни кажат, „Не сработивте доволно добро и поради тоа нема да ја продолжиме соработката“, или можат да кажат, „Не ни се допаѓа вашата стратегија““.

„Како што изјавив во неколку наврати, сакам да бидам одредена гаранција за навивачите и играчите на Милан. Не сум правиот човек за проект кој нема победнички идеи“.

„Сопствениците никогаш не седнаа ра разговараат со нас, и тоа не е добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ