сабота, 27 јули 2024
Конгрес на ЗНАМ

Максим Димитриевски: Македонија ќе има црвени линии ако станам шеф на државата, Европа ќе биде тука

На овие избори СДСМ ќе изгуби, а ВМРО-ДПМНЕ нема да победи, рече лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на првиот Конгрес на партијата наглсувајќи дека неговата партија не е иста со другите зашто тоа што сега го ветува и ќе го остварува.  Конгресот одржан вечерва во Скопје, ја официјализира претседателската кандидатура на Димитриевски. Тој истакна дека доколку биде избран за шеф на државата, ќе се заложи да се утврдат црвени линии од кои државата нема да отстапи.

Објавено на

часот

Сподели

„Политиките кои ќе се спроведуваат доколку граѓаните ни ја дадат довербата, ќе значат да имаме модерна европска и силна држава Македонија. Силна економија и институции, владеење на правото, здравство за сите, а доколку ова го оствариме ние ќе ја имаме Европа дома“, порача Димитриевски, кој пред присутните се заблагодари за довербата да влезе во трката за претседател на државата.

Прашан за коментар за предлогот претседателот на државата  да се избира во Собрание, Димитриевски оцени дека тоа нема да биде добро за државата.

„Така ќе го намалиме капацитетот на државата и на државните институции кои на граѓанинот можат да му гарантираат дополнителна сигурност“, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали тој би ги прифатил условите на политичките партии на Албанците што ги поставуваат пред изборите, Димитриевски нагласи дека тој по принцип е човек кој не прифаќа услови и потенцира дека ги сфаќа како предизборен политички маркетинг на албанските политички субјекти.

 

„Македонија досега го менуваше својот Устав неколку пати и сметам дека Уставот не е обичен тефтер хартија кој што треба да се менува во континуитет. На Македонија ѝ е потребен претседател кој ќе биде гарант на суверен на граѓанинот и воедно ќе биде гарант на Уставот и еден начин на комуникација помеѓу граѓаните и власта“, рече тој.

На новинарско прашање како планира да ја обезбеди поддршката на граѓаните да гласаат за него како за кандидат за претседател, Димитриевски истакна дека ќе ја побараат поддршката како и сите други.

„Тоа што го направивме на локално ниво, ќе го пресликаме на централно. Ќе побараме поддршка од граѓаните. Ќе обезбедиме доволен број на потписи за поддршка на кандидатурата. Ќе излеземе со квалитетни кандидати на кандидатските листи за пратеници и ќе ја побараме поддршката како и сите останати. Мислам дека Македонија веќе е свесна и бара промени, не само промени од актуелната власт туку и промени од минатото и бара да отвори нови алтернативи. ЗНАМ тоа го нуди. Вечерва ЗНАМ тоа го докажува и потврдува и ќе продолжиме на тој начин да ја бараме поддршката од граѓаните, а конечното е нивно“, рече лидерот на ЗНАМ.

„А, дали е дојден моментот во Македонија за такво нешто? Да! Секојдневно слушаме дека во Македонија се гласа ‘против’, а не ‘за’. Денеска граѓаните ќе имаат можност и опција да ја поддржат ЗНАМ како нова политичка најбрзо растечка сила во историјата на македонскиот плурализам. Мислам дека ќе направиме суштински промени на политичката сцена“, рече Димитриевски.

Инаку, во обраќањет пред делегатите на Конгресот, Димитриевски меѓу другото истакна:

„На овие избори граѓаните на Македонија за прв пат ќе имаат можност да го даадат својот глас ЗА одредена опција, визија и перспективи, а не како досега да гласаат против. Овие избори СДСМ ќе изгуби, а ВМРО -ДПМНЕ нема да победи. Граѓаните доаѓаат по своето!

Сакам да истакнам дека на политичката сцена не сме сите исти. Ние, за разлика од останатите, тоа што го ветуваме и го исполнуваме и се држиме со народот транспарентно, отчетно и одговорно. За успешно водење на државата мора да се почитуваат принципи.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како политички субјект и јас како негов претседател и кандидат за Претседател на државата тоа ќе го понудиме и реализираме. Верувам дека времето на заробена, приватна држава во која правдата е селективна, по изборите ќе биде минато“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ