сабота, 25 мај 2024

Макрон вети дека реката Сена ќе биде исчистена за Олимпијадата

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно најави дека за време на Олимписките игри ќе плива во Сена, денеска вети дека водата на реката што минува низ Париз ќе биде чиста пред отворањето на игрите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денеска Макрон отвори станица за прочистување на дождовница во близина на Париз, на реката Марна, која се влева во Сена.

Министерката за спорт Амели Удеа-Кастера оцени дека можноста за пливање на Марна и Сена ќе биде „еден од настаните на векот“.

Францускиот претседател додаде дека водата на Сена ќе биде и свежа и чиста.

Прочистувањето на Марна е важно бидејќи се влева во Сена, каде што ќе се одржат некои натпревари како дел од Олимписките игри.

Чистотата на овие реки во голема мера зависи од временските услови. Во случај на невреме, мешавина од дожд и отпадна вода навлегува во Сена и поради тоа некои спортски настани на таа река би можеле да бидат одложени и откажани.

Преземените мерки за чистење на Марна и Сена треба да овозможат и пливање, што не е возможно од 1970 година.

Пречистителната станица, која Макрон денеска ја отвори, чинеше повеќе од 53 милиони евра. Нејзината главна технолошка иновација лежи во присуството на околу 100 ултравиолетови светилки за добивање 99,9 проценти чиста вода, без бактерии.

Олимписките игри ќе се одржат во Париз и неговата околина од 26 јули до 11 август годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ