сабота, 21 декември 2024

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

Испораките на оружје што се користат во конфликтот во Газа треба да се прекинат како дел од пошироките напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Франција не е главен снабдувач на оружје за Израел. Минатата година испорача воена опрема вредна 30 милиони евра, се вели во годишниот извештај на Министерството за одбрана за извоз на оружје.

„Мислам дека приоритет денес е да се вратиме на политичко решение (и) да се запре извозот на оружје што се користи во борбите во Газа. Франција не испорачува ништо“, изјави Макрон за радиото Франс Интер.

„Сега наш приоритет е да избегнеме ескалација. Либанскиот народ не смее да биде жртвуван, Либан не може да стане нова Газа“, додаде тој.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро моментално е на четиридневна посета на Блискиот Исток, која завршува во понеделник во Израел, додека Париз се обидува да влијае на заживувањето на дипломатските напори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ