недела, 19 мај 2024

Макрон, Шолц и Камерон повикаа Израел да не го ескалира конфликтот со Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон повикаа денес Израел да избегнува понатамошно ескалирање на конфликтот со Иран, пренесуваат светските агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иран во саботата вечера изврши напад со стотици дронови и проектили на воени мети во Израел одговарајќи на израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск во кој уби седуммина офицери на Иранската револуционерна гарда, вклучувајќи двајца високи команданти. Израел не прифаќа одговорност за нападот кој се случи на 1 април.

„Сите сме загрижени од можна ескалација“, кажа Макрон. „Ситуацијата денес е многу нестабилна“.

Макрон додаде дела ќе се обиде да договори прекин на огнот за време на Летните олимписки игри во Париз, во согласност со целта на игрите за промовирање мир преку спортот.

„Начинот на кој Израел успеа со меѓународните партнери и оние на местото на настанот да го одбие тој напад е навистина импресивен… Тоа е успех кој не смее да се прокоцка и според тоа советуваме да не придонесе на ескалација“, кажа германскиот канцелар Шолц од Кина.

Камерон го повика Израел да на одговара на иранскиот напад со совет дека треба „да мисли со главата а не само со срцето“, оценувајќи дека иранскиот напад бил целосен неуспех.

Истакна дека повикува Израел да не ги ескалира тензиите на Блискиот Исток.

„На многу начини тоа беше двоен пораз за Иран. Нападот беше речиси целосен неуспех и му покажаа на светот дека се лошо влијание во регионот. Затоа се надеваме дека нема да има одмазднички одговор“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ