сабота, 27 јули 2024

Макрон сака да ја легализира евтаназијата, но не сака да ја нарекува така

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата за прв пат изјави дека го поддржува новиот закон за крај на животот кој ќе овозможи „помош при умирање“ и сака неговата влада да го изнесе законот пред парламентот во мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соседите на Франција, Швајцарија и Белгија, како и Холандија, донесоа закони со кои се дозволува медицинско потпомогнато умирање во одредени случаи. Сепак, Франција досега се спротивставуваше на овој чекор, делумно под притисок на Католичката црква.

Клејс-Леонетиевиот закон за крај на животот, донесен во 2016 година, дозволува длабока седација, но само за луѓе чии лекари предвидуваат смртен исход во краток рок.

Во интервју за весникот Либерасион, Макрон рече дека не сака да го нарече новиот закон евтаназија или потпомогнато самоубиство, туку „помош при умирање“.

„Тоа, строго кажано, не создава ново право или слобода, но отвора пат што досега не постоеше и отвора можност да се побара помош при умирање под одредени строги услови“, рече тој.

Макрон изјави дека овие услови ќе мора да се исполнат и дека лекарски тим ќе проценува и ќе се погрижи критериумите за одлуката да бидат точни.

Тоа право би се однесувало само на возрасни лица кои се способни да донесат одлука и чии шанси за преживување се среднорочно загрозени, како што е карцином во краен стадиум, рече тој.

Членовите на семејството би можеле да се жалат на одлуката, рече Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ