сабота, 27 јули 2024

Макрон разговараше со претседателот на Палестина: Решението за две држави не треба да се одложува

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека систематското одложување во спроведувањето на решението за две држави за Израел и Палестина треба да заврши.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Макрон ја потврди посветеноста на Франција да работи, со своите европски и арапски партнери, на заедничка визија за мир што нуди безбедносни гаранции за Палестинците и Израелците“, се вели во соопштението на Елисејската палата по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател и неговиот палестински колега Махмуд Абас.

„Овој процес треба да вклучува перспектива за признавање на палестинска држава со практична структура“, се вели во соопштението.

Макрон ја истакна потребата од реформирање и зајакнување на палестинската управа за да може да ги извршува своите одговорности на палестинските територии, вклучително и во Појасот Газа, за доброто на палестинскиот народ, пренесува француската новинска агенција Франс прес. Тој повторно го осуди неодамнешниот израелски напад во Рафа во кој, според локалните власти, загинаа 45 лица.

Разговорот меѓу францускиот и палестинскиот претседател дојде откако Норвешка, Шпанија и Ирска вчера официјално ја признаа Палестина.

Макрон вчера изрази наклонетост за француското признавање на Палестина, но додаде дека тоа треба да се случи во вистинско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ