сабота, 27 јули 2024

Макрон разговараше со Нетанјаху: Неопходен е траен прекин на огнот во Појасот Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нагласи неопходноста да се работи на постигнување траен прекин на огнот во Појасот Газа, со помош на сите регионални и меѓународни партнери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавија од Елисејската палата, Франција во наредниот период ќе соработува со Јордан на хуманитарните операции во Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Нетанјаху и Макрон разговарале за нападите на јеменските Хути врз бродовите во Црвеното Море, за прекуграничната размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах во Либан и за војната на Израел против Хамас во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху му се заблагодари на Макрон за учеството на Франција во заштитата на слободата на пловидбата во Црвеното Море и за нејзината подготвеност да помогне во враќањето на безбедноста на израелската граница со Либан, се вели во соопштението.

Премиерот го информираше Макрон за случувањата во војната во Газа, како и за напорите за ослободување на израелските заложници и побара од францускиот претседател да продолжи да работи на нивното ослободување.

„Нетанјаху јасно стави до знаење дека народот и владата на Израел се решени да ги вратат жителите на северот и југот во своите домови на кој било начин“, се заклучува во соопштението.

Макрон претходно го критикуваше опсегот на израелските сили против Хамас и повика на траен прекин на борбите.

„Не можеме да дозволиме да се вкорени идејата дека ефикасна борба против тероризмот подразбира уништување на Газа или неселективен напад врз цивилното население“, рече Макрон во декемвриското интервју за француската телевизија Франс 5.

И покрај тоа што го признава „правото на Израел да се брани и да се бори против тероризмот“, Макрон рече дека Франција повикува на заштита на цивилите и „прекин на огнот што ќе доведе до хуманитарен прекин на огнот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ