сабота, 27 јули 2024

Макрон повторно за можноста за испраќање западни трупи во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно зборуваше за можноста за испраќање западни трупи во Украина, со оценка дека треба да се постави прашањето дали Москва ќе ги пробие првите линии на фронтот и дали Киев упатил такво барање.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку одат Русите да ги пробијат првите линии на фронтот, и ако имаше барање од Киев, што не е случај денес, треба легитимно да си го поставиме прашањето (за учество на западните трупи во борбите)“, изјави францускиот претседател за британскиот неделник Економист.

Во интервјуто објавено денеска, Макрон рече дека оваа можност не треба априори да се отфрли, пренесува Франс прес, потсетувајќи дека земјите од НАТО првично ја отфрлија можноста за испраќање тенкови и авиони во Украина, но подоцна се предомислија.

„Како што веќе кажав, ништо не исклучувам, бидејќи пред нас е некој кој ништо не исклучува“, додаде шефот на француската држава.

„Имам јасна стратешка цел: Русија не може да победи во Украина. Ако Русија победи во Украина, нема да имаме повеќе безбедност во Европа“, предупреди Макрон и праша кој може да каже дека Русија ќе застане тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ