сабота, 27 јули 2024

Макрон потврди дека во Украина загинал француски новинар

Објавено на

часот

Сподели

Според него, репортерот загинал во автобус за евакуација, каде што се наоѓал заедно со цивили. Францускиот лидер изрази сочувство до семејството, пријателите и колегите на Леклер-Имхоф.

Ле Паризиен наведе дека новинарот имал 32 години и дека за информативниот канал БФМТВ работел 6 години.

Претходно, шефот на регионалната управа Сергиј Гајдај извести за смртта на новинарот на БФМ-ТВ во регионот Луганск. Гајдај на апликацијата Телеграм напиша дека шрапнелот го пробил оклопот на возилото, убивајќи го акредитираниот француски новинар што патувал во него. 

Откако возилото на репортерот се најде под оган, евакуацијата беше прекината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ