сабота, 27 јули 2024

Макрон по трет пат го одложи патувањето во Украина

Посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Украина треба да се одржи во наредните недели, најави француското претседателство, со што повторно е одложена планираната посета на шефот на државата на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон првично рече дека планира да ја посети Украина во февруари за да потпише билатерален безбедносен договор со претседателот Володимир Зеленски. Ова беше одложено бидејќи Зеленски на крај дојде во Париз да го потпише договорот. Дипломатите рекоа дека друг датум бил планиран за почетокот на март пред да биде одложен за подоцна.

„Двајцата шефови на држави се согласија да останат во близок контакт, особено во однос на посетата на претседателот во Украина, која треба да се случи во наредните недели“, соопшти во неделата француското претседателство по телефонски разговор меѓу двајцата лидери.

Одложувањето доаѓа само неколку дена откако руска ракета падна на околу петстотини метри од украинскиот претседател и грчкиот премиер, кои беа во посета на градот Одеса на Црното Море. Макрон исто така требаше да ја посети Одеса.

Макрон зазеде поостар став против Русија во последните недели, обвинувајќи ја дека е агресивна кон Франција и Европа. Тој ги повика европските сојузници итно да направат повеќе за да ѝ помогнат на Украина и се соочи со реакција од многу западни сојузници откако рече дека не треба да се отфрли идејата за испраќање западни трупи во Украина.

Два дипломатски извори рекоа дека француското претседателство размислува дали да го прошири патувањето во Украина и на други западни шефови на држави кои би му се придружиле на Макрон, наместо билатерално патување, за сојузниците да покажат единство и солидарност со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ