сабота, 21 декември 2024

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото кое го создаде Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да се придржува до одлуките на Обединетите нации и не смее да заборави дека неговата држава настана со одлука на светската организација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Забелешките на Макрон се однесуваат на гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 1947 за планот Палестина да се подели на еврејска и арапска држава.

Макрон денес телефонски разговарал со претседателот на долниот дом на парламентот на Либан Набих Бери, по што порача дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Либан, а дека Хезболах мора веднаш да ги сопре нападите на Израел.

Францускиот претседател ја потврди и посветеноста на Франција на мировните сили на ОН во Либан (УНФИЛ) и го повтори „огорчувањето поради неоправданите напади на мировните сили“.

УНФИЛ соопшти дека во изминатите 48 часа се повредени пет припадници на мировните сили во Либан и ги обвини израелските трупи дека „повеќе пати и намерно“ ги гаѓале нивните позиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ