Макрон се обрати до француската јавност со видео-порака на социјалните мрежи. Тој рече дека не можете да се преправате дека ништо не се случило. Макрон тврди дека резултатот од европските избори не е добар за неговата влада и додаде дека подемот на националистите е опасен за Франција и Европа.
Adresse aux Français. https://t.co/sqVqfH3gXy
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 9, 2024
Лидерот на француската екстремна десница, Марин ле Пен ја поздрави неговата одлука за распишување предвремени избори.
Макрон денеска претрпе тежок пораз на европските избори од лидерката на екстремната десница Марин ле Пен, чија победа ги зголемува нејзините шанси на претседателските избори во 2027 година.
Според излезните анкети, партијата Национален собир на Марин ле Пен добива околу 32 отсто од гласовите, десет отсто повеќе од претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон. Социјалистите добиваат 14 отсто.
Ле Пен и нејзиниот водечки кандидат, сè попопуларниот 28-годишен Џордан Бардела, ги гледаат европските избори како референдум за владеењето на Макрон, кое е нарушено со проблеми со имиграција и криминалот и двегодишната инфлациска криза.
Успехот на ле Пен ќе го ослаби владеењето на Макрон три години пред крајот на неговиот втор и последен мандат. Претворен во мандати, Националниот собир на Марин ле Пен добива 31, Ренесансата на Макрон 14, а социјалистите 13 мандати.