среда, 19 март 2025

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Во услови на интензивирање на глобалните напори за ставање крај на војната во Украина, се поголем е фокусот на безбедносните гаранции кои би ја спречиле Русија повторно да нападне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британскиот премиер Кир Стармер пред помалку од две недели ја спомена можноста за „коалиција на спремните“, во која војници од повеќе земји ќе бидат распоредени во Украина како мировници во случај да се постигне прекин на огнот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека иницијативата нема да вклучува масовно распоредување на војска, туку испраќање контингенти од неколку илјади војници на клучни локации во Украина – без потреба од руско одобрение.

„Неколку европски и неевропски земји изразија подготвеност да учествуваат во можното распоредување на мировници“, изјави Макрон за француски регионален весник. Според него, војниците би можеле да бидат испратени на стратешки точки во Украина за да спроведат програми за обука и да покажат долгорочна поддршка за Киев.

Москва остро се спротивставува на идејата, но Макрон рече дека Русија нема право да одлучува за тоа: „Ако Украина побара присуство на сојузничките сили на своја територија, Русија нема право да одлучува дали ќе прифати или отфрли“.

Воени претставници од неколку земји ќе се сретнат во четврток во Лондон за да разговараат за формирање оперативни мировни сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ