петок, 26 јули 2024

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје, среде војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме трајно да се подготвиме за геополитичка и геостратешка промена во која одбранбената индустрија ќе игра сè поголема улога“, рече Макрон додека го поставуваше камен-темелникот за новата фабрика за експлозивен прав за компанијата Еуренко во југозападниот град Бержерак.

Потребна е воена економија за да може Украина да биде снабдувана со оружје за да се одбие руската инвазија, како и за нашата одбрана, рече тој. Оваа динамика започна во Европа и светот, додаде тој.

„Оваа економија ни користи и нас“, рече Макрон. „На пример, производството на хаубици испорачани во Украина се зголеми за три пати, што исто така го зголемува извозот на оружје“.

Европа не може да се откаже од Украина, се работи и за нашата безбедност, нагласи Макрон.

„Ние Европејците мора да правиме повеќе и побрзо и ако американското финансирање изостане, ние Европејците мора да се мобилизираме и да најдеме ново финансиско решение“, рече Макрон. „Ние тесно соработуваме со Германците на ова поле“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ