сабота, 27 јули 2024

Макрон кажа дека Франција ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони мираж

Францускиот претседател Емануел Макрон денес соопшти дека ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони од типот „мираж“, како и дека француската војска ќе ги обучи украинските пилоти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон оцени дека на Украина треба да ѝ се дозволи да го користи оружјето кое ѝ го обезбедуваат нејзините западни сојузници за гаѓање цели на територијата на Русија и „неутрализирање на точки од кои земјата се напаѓа“.

Украина не успева да го сопре руското пробивање во источните области Харков и Доњецк. Целта на офанзивата е да се искористи недостигот од муниција и војници на Киев долж линијата на фронтот од околу 1.000 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше денес заедно со западните лидери во Франција на одбележувањето на сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година и повторно побара дополнителна помош од Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ