вторник, 22 октомври 2024

Макрон ја заврши посетата на Србија: „Местото на Србија е во ЕУ“

Францускиот претседател Емануел Макрон ја заврши денес дводневната посета на Србија која ја одбележаа договорот за купување 12 нови борбени авиони „рафал“ и пораката на Макрон дека го поддржува Белград на патот коб Брисел и наклонетоста на Париз на проектот за копање ретки суровини во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Србија вчера, на првиот ден на посетата на Макрон, со Франција потпиша договор за купување 12 нови борбени авиони „рафал“ вредни 2,7 милијарди евра.

Договорот, потпишан од српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и директорот на Десо авијасион Еерик Трапие, вклучува логистички пакет, резервни мотори и делови за повеќенаменските ловци.

Макрон оцени дека купувањето на „рафалите“ е „јасен избор кој претставува волја за долгорочен сојуз на двете држави во рамки на силна, суверена Европска Унија“.

Тој порача дека местото на Србија е во Европската Унија и дека „на ЕУ ѝ треба силна Србија“, а на Србија ѝ е потребна „силна и суверена ЕУ за да ги брани нејзините интереси“.

Посетата на шефот на француската држава беше проследено со потпишување вкупно 12 меѓудржавни договори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ