петок, 18 октомври 2024

Макрон: Израелците ги напаѓаат мировниците на ОН во Либан, нема тоа да го толерираме

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди неодамнешните напади на Израел на мировните сили на Обединетите нации во Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сосема е неприфатливо да се види како силите на израелската војска намерно ги напаѓаат војниците на УНФИЛ. Ние тоа го осудуваме, не го толерираме и нема да толерираме тоа да се повторува“, кажа Макрон.

Израелската војска денес извршила нов напад на позициите на УНФИЛ, ранувајќи двајца мировници од Шри Ланка кои се таму стационирани. Либанската новинска агенција ННА јави дека израелски тенк гаѓал една од стражарниците на УНФИЛ на главниот пат кој ги поврзува Ту и Накуора на југот на Либан. Двајца припадници на мировните сили биле повредени во вчерашниот напад.

Макрон го обнови повикот за прекин на огнот во Газа и Либан, истакнувајќи дека тоа е неопходно.

Кажа дека прекинот на доставувањето оружје во зоната на конфликтот би пружил единствен лост за прекинување на конфликтот, додавајќи дека „тоа не е повик за разоружување на Израел“, туку повик за „прекинување на секоја дополнителна дестабилизација во овој дел од светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ