сабота, 27 јули 2024

Макрон и Фон дер Лајен пристигнаа во Кина

Објавено на

часот

Сподели

„Не смееме да се дистанцираме, да се одвојуваме од Кина“, рече Макрон пред француската заедница во таа земја, додавајќи дека трговските односи со Кина треба да продолжат.

Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Кина сакајќи да ги ресетираат врските со важниот економски партнер и да разговараат за чувствителни прашања како што се Украина и економските ризици.

Макрон последен пат ја посети Кина во 2019 година, а овa ќе биде прва посета на Фон дер Лајен откако таа стана претседателка на ЕК. Оттогаш, поради строгите контроли на Кина за пандемијата на коронавирус, сите дипломатски средби се одржуваа онлајн, а односите со Европа се влошија, прво поради застојот на инвестицискиот договор во 2021 година, а потоа поради одбивањето на Пекинг да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина.

За Макрон, кој се соочува со протести дома против пензиските реформи, патувањето нуди можност за економски придобивки додека патува со 50-члена деловна делегација, вклучително и Ербас, кој преговара за голема нарачка на авиони, Алстом и нуклеарниот гигант ЕДФ. Сепак, некои аналитичари велат дека наметливото потпишување на договори би изгледало опортунистички во време на зголемени тензии меѓу САД и Кина.

„Ова не е време за објавување деловни зделки или големи нови инвестиции“, рече Ноа Баркин, аналитичар од Родиум груп. „Тоа во суштина ќе биде гласање за доверба на кинеската економија и ќе испрати порака дека Франција не се согласува со американскиот пристап“, додаде тој.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ мора да ги намали ризиците во односите со Пекинг, меѓу другото, со ограничување на пристапот на Кина до чувствителна технологија и намалување на зависноста од клучни минерали, батерии, соларни панели и други производи за чиста технологија.

Макрон ја покани Фон дер Лајен на патувањето како приказ на европското единство, откако француските власти го критикуваа германскиот канцелар Олаф Шолц дека сам заминал во Кина кон крајот на минатата година.

Покрај трговијата, и двајцата рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да донесе мир во Украина, или барем да го спречи Пекинг директно да го поддржи својот сојузник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ