сабота, 27 јули 2024

Макрон го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика палестинското исламистичко движење Хамас, „чија одговорност е огромна“, да го прифати договорот за прекин на огнот предложен од неговиот американски колега Џозеф Бајден, соопшти Елисејската палата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Заложниците, меѓу кои и двајцата наши сонародници, конечно мора да бидат вратени кај нивните семејства. Страдањата на Палестинците во Газа мора да завршат“, рече Макрон во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Реформираната и зајакната палестинска управа мора да обезбеди управување со Газа и таа територија мора да стане составен дел на идната палестинска држава“, додаде Макрон.

Францускиот претседател ја изрази својата посветеност на безбедноста на Израел и повтори дека „Франција е решена да придонесе за мирот и безбедноста за сите“.

На 24 мај, Макрон разговараше за овие прашања со катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман ал-Тани и со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Египет и Јордан во Елисејската палата.

Францускиот претседател повика на „најголема воздржаност“ на границата меѓу Израел и Либан, каде што размената на оган е интензивирана во последните денови, како и целните напади што ги изврши Израел на либанска територија.

Франција останува „целосно посветена на спречување каков било ризик од ескалација на тензиите“ и „промовирање на дипломатско решение“.

Според него, француските власти заедно со меѓународните партнери ќе извршат притисок врз Иран да ги „почитува своите меѓународни обврски“ во нуклеарните прашања.

Париз, заедно со Лондон и Берлин, во понеделникот поднесоа предлог-резолуција до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) со која се осудува Иран за недостатокот на соработка со агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ