Макрон, во интервју дадено во авионот при враќањето од тридневната посета на Кина, ја повтори својата теорија за „стратегиска автономија“, која подразбира Европа да стане трета суперсила.
Тој, за порталот Политико и двајца француски новинари, кажа дека Европа се соочува со голем ризик поради тоа што влегла во кризи кои не се нејзини.
„Тоа ја спречува да ја изгради својата стратегиска автономија. Прашањето на кое Европејците треба да одговорат е дали е во наш интерес да ја забрзаме кризата на Тајван. Мојот одговор е не“, кажа Макрон.
Тој додаде дека Европејците не можат да ја решат кризата во Украина, но дека Европа ја зголемила зависноста од САД во смисла на оружјето и енергенсите и дека мора да се фокусира на сопствените одбранбени индустрии.