„Убеден сум дека ни треба паневропски заеднички заем за да започнеме со отплатата на долгот подигнат за закрепнување од пандемијата и за да можеме да ги финансираме нашите потреби во областа на вештачката интелигенција, одбраната, климата“, рече Макрон по завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел.
Лидерите на ЕУ ја одржаа својата прва дискусија за следниот седумгодишен буџет за периодот 2028-2034 година на самитот што заврши во четвртокот навечер.
Германија, Холандија и северните членки на ЕУ традиционално се спротивставуваат на заедничко задолжување. Сепак, Германија се предомисли и се согласи на големо задолжување од 800 милијарди евра за да ја спаси економијата од последиците на пандемијата ковид-19.
Макрон рече дека е премногу рано да се каже каква позиција ќе заземе идниот германски канцелар Фридрих Мерц по ова прашање.