среда, 11 декември 2024

Макрон: Да се биде сојузник на САД не значи да се биде нивен вазал

Објавено на

часот

Сподели

„Да се биде сојузник не значи да се биде вазал. Ако сме сојузник не значи дека повеќе немаме право да размислуваме со своја глава“, кажа тој на прес конференција во Амстердам. „Франција е за статус кво на Тајван, ја поддржува политиката на една Кина и бара мирно решение на ситуацијата“, додаде тој.

 

Таквата политика е константна, не е сменета, кажа францускиот претседател.

Макрон поттикна бран критики во САД и во Европа повикувајќи ја Европската Унија да „не ги копира“ Вашингтон и Пекинг во врска со тајванското прашање. Изјавите веднаш беа протолкувани како дистанцирање од Вашингтон.

Франција не е рамнодушна кон тензиите околу Тајван, истакна претходно денес француски дипломатски извор додека Кина одржува воени вежби околу одметнатиот остров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ