петок, 13 декември 2024

Макрон: Целта на Израел да го уништи целосно Хамас значи десет години војна

Објавено на

часот

Сподели

„Целосно уништување на Хамас, што е тоа? Дали некој мисли дека ова е можно? Ако е така, тогаш војната ќе трае десет години. Мислам дека никој сериозно не знае како да ја дефинира таа цел. Затоа, таа цел треба да се прецизира“, изјави Макрон за новинарите во Дубаи за време на Меѓународната конференција за климата КОП28.

Тој изјави дека добрата борба против тероризмот не значи „систематско и постојано бомбардирање“.

По седумдневното примирје во петокот, Израел продолжи со нападите врз Газа како одговор на упадот на Хамас на израелска територија на 7 октомври. Израел објави дека целта му е целосно уништување на Хамас, кој е на власт во Појасот Газа.

Макрон рече дека треба да се удвојат напорите за да се постигне траен прекин на огнот во војната.

„Продолжувањето на борбите во Појасот Газа е загрижувачко и е предмет на многу разговори“ во Дубаи, изјави Макрон.

„Таа ситуација бара двојно повеќе напори за постигнување траен прекин на огнот, обезбедување ослободување на сите заложници кои сè уште ги држи Хамас, да се обезбеди на народот во Газа помошта што им е итно потребна и да му даде на Израел гаранции дека неговата безбедност е вратена“, изјави Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ