сабота, 1 март 2025

Макпетрол со три медали на првиот ден од Балканското карате-првенство

Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на Балканското карате-првенство.

Објавено на

часот

Сподели

На сениорскиот шампионат што викендов се одржува во Будва, таа во финалето во категоријата до 61 килограм ја совлада Викторија Јовановска, исто така, од „Макпетрол“, со резултат 4-3. Освен злато за Мицовска и сребро за Јовановска, уште еден член на скопската екипа се закити со одличје, односно Ангела Мојсовска освои бронза.

– Задоволни сме од настапот на нашите каратистки по првиот ден на Балканското сениорско првенство. Каратистките на „Макпетрол“ кои се дел од репрезентацијата на Македонија, од три настапи освоија и три медали – еден златен (Јована Мицовска), еден сребрен (Викторија Јовановска) и еден бронзен (Ангела Мојсовска). Особено сум задоволен од пристапот и нивната борбеност и желба за успех која ја искажаа во сите борби со најквалитетните каратистки од сите балкански држави – истакна Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.

На Балканското сениорско првенство што се одржува викендов во Будва, Црна Гора, учествуваат 12 држави со 337 спортисти. Во секоја тежинска категорија право на настап имаат најдобрите четири спортисти од секоја држава. За многу земји од регионот Балканското првенство значи и критериум за влез во националните репрезентации за претстојното Европско сениорско првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ