Со цел успешна реализација на овие активности, „Макпетрол“ и Општина Струга потпишаа меморандум за соработка. Освен работилници, компанијата, за учениците, но и за наставниците, стручните служби и за родителите, испечати и достави и едукативни прирачници за врсничко насилство. Наставниот кадар од училиштата, заедно со педагозите и со психолозите, стекнатите знаења ќе можат да ги применат во редовната образовна програма.
Освен Струга, од почетокот на 2024 во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се вклучија и Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. Компанијата, до крајот на минатата година, потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.
Во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија вкупно 21 општини од сите региони на Македонија. До крајот на 2023 година „Макпетрол“ овозможи работилници и достави едукативни материјали во голем дел од општините, во некои од нив тие се во тек, додека во останатите, истите ќе се одржат во наредниот период. Овие едукативни средби, како и прирачниците, на учениците, но и на сите останати засегнати од проблемот, им помагаат да се запознаат со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг.
Интернет-страницата kreniglas.mk содржи голем број информации за врсничкото насилство. Покрај едукација на учениците, наставниците, стручните служби и на родителите, оваа платформа обезбедува и можност за анонимно споделување лични искуства поврзани со врсничкото насилство.
„Крени глас против врсничко насилство“ е кампања преку која што „Макпетрол“ остварува еден од своите стратешки приоритети – општествената одговорност. Со активностите што се дел од овој проект компанијата креира платформа преку која децата и младите добиваат поддршка при соочувањето со булингот. Создавањето можности за реализација на талентот и на потенцијалот на младите во земјава и понатаму ќе биде една од најважните стратешки цели на „Макпетрол“.