сабота, 24 февруари 2024

„Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден 

Најмладите во Општина Илинден од денес ќе можат да се забавуваат во нов детски парк чиешто хортикултурно уредување е донација од „Макпетрол“. Во рамки на своите општествено одговорни активности компанијата редовно презема чекори кои што придонесуваат во справувањето со еколошките предизвици на денешницата. Оваа поддршка се реализира како дел од проектот „Зелена Општина Илинден“ во кој што „Макпетрол“ се вклучи на покана на општината. 

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорноста кон општеството и поддршката за заедницата се стратешки цели на компанијата, а тоа значи и препознавање и вклучување во иницијативи кои што веруваме дека ќе го подобрат животот на граѓаните. Развојот на децата и на младите, исто така, секогаш се дел од нашите приоритети и со ова хортикултурно уредување на новиот парк во Општина Илинден сакаме средината во која што ќе се дружат и ќе се забавуваат, да биде поубава и попријатна“, вели Горан Ангеловски, директор на дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија во „Макпетрол“. 

Хортикултурното уредување на новиот детски парк во Општина Илинден е дел од континуираните активности со кои што компанијата помага во справувањето со актуелните еколошки проблеми во земјата. Оваа донација, освен што на најмладите ќе им обезбеди зелено катче за дружба, ќе придонесе да се намали загадувањето на воздухот и да ги подобри условите за урбано живеење.   

„Компанијата Макпетрол повторно докажа дека е општествено одговорен член на заедницата, но и добар сосед кој се грижи за реалните потреби на своите сограѓани. Со оваа донација се овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, пришто крајниот бенефит ќе го имаат децата и нивните родители. Благодарни сме за оваа донација на „Макпетрол“ која што треба да биде пример за тоа што значи да се биде одговорен кон средината во која што живееме“, изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. 

Како дел од своите редовни активности за одржлив развој на заедницата, „Макпетрол“ пред извесно време донира урбано зеленило и хортикултурното уредување на јавната парк површина во град Скопје, односно кај скверот близу противпожарната бригада во Општина Карпош. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ