петок, 18 октомври 2024

Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен

Државното знаме на Македонија се најде во иста група со „забранетите” знамиња на Австралија Опен, меѓу кои се руското, белоруското, палестинското и израелското, јавува австралиското радио СБС на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи, вчера, 14 јануари, на првиот ден од годинешниот гренд слем, на листот хартија прикачен на камерата на снимателите на Австралија опен во КИА арената, заедно со неколку други знамиња, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.

Една недела претходно, извршниот директор на Австралија опен, Крег Тајли, објави дека гледачите на овогодинешниот гренд слем во Мелбурн, ќе бидат спречени да ги истакнуваат палестинските и израелските знамиња, според правилата кои им дозволуваат да носат знамиња само навивачите што ги претставуваат играчите кои се натпреваруваат на годинешниот турнир.

Во 2022 Австралија опен објави категорична забрана на руски и белоруски знамиња, поради руската инвазија на Украина.

Македонија годинава на гренд слемот ја претставуваше Лина Ѓорческа која, во првото коло во квалификациите загуби со 2-1 во пресметката со Катаржина Кава од Полска и не обезбеди пласман.

Редакцијата на СБС на македонски ги исконтактира Австралија опен за коментар, но до објавувањето на текстот, не доби одговор зошто македонското државно знаме е издвоено на овој начин и како се најде на „црната листа”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ