сабота, 29 јуни 2024

Македонското МНР реагираше на употребата на „северномакедонски“ од портпаролката на ЕК

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Maкедонија во одговорот на прашањето на МКД.мк информира дека „Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ упати реакција до Европската комисија за употребата на придавката ‘северномакедонските’ од страна на портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, за време на вчерашната конференција за медиумите. Денеска МКД.мк објави дека и Писонеро и поранешниот преговарач за името Метју Нимиц во интервју за Екатимерини ја употребуваа придавката „северномакедонски“, спротивно на одредбите на Преспанскиот договор.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на македонското МНР беше нагласено дека „некоректната употреба на придавката не е во согласност со Преспанскиот договор и соодветно беше побарана правилна употреба при идните настапи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ