сабота, 27 јули 2024

Македонското и знамето на ЕУ ќе се развиорат на врвовите на Водно

По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно.

Објавено на

часот

Сподели

Маршот започна утрово пред седиштето на ЕУ, каде се изврши размена на македонското и европското знаме.

„Знамињата ги разменуваат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто имаат свое обраќање. На врвот на Водно ќе бидат поставени двете знамиња“, велат од Европското движење.

Традиционалниот планинарски марш, додаваат оттаму, освен церемонијалниот карактер, е и во насока на афирмација на спортските и планинарските активности. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ