среда, 23 октомври 2024

Македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо избра нов потпретседател и секретар

Објавено на

часот

Сподели

„Сара Џелили е член и активист на друштвото, учесник и добитник на награди на многу конкурси за поезија на кои настапува како претставник на Македонското друштвото „Илинден“ – Тирана. Таа е владин стипендист на татковината Македонија и студира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на отсек политички науки“, пишува во соопштението на друштвото.

Ули Халилај е член и активист на друштвото од 2015 година. Во периодот од 2015 до 2021 година беше претседател на огранокот, додека следните четири години беше потпретседател.

За ангажираноста и посебен придонес Халилај во 2016, а Џелили во 2019 година се добитници на благодарници „Илинден“ што ги доделува друштвото.

„Огранок за Голо Брдо, чиј претседател е Фатри Фетаху, ќе продолжи да работи на реализирање на задачите на друштвото, заштита на етничкиот,  јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство и унапредување на положбата на Македонците во оваа област“, се наведува во соопштението.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци, а останатите четири се со мешано население, Македонци и Албанци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ