сабота, 27 јули 2024

Македонското археолошко друштво на протест против измените на законите за изградба на Коридорите 8 и 10д

Објавено на

часот

Сподели

„Апсурдот да биде поголем, понатамошното образложение на предлогот гласи: „Меѓутоа, нивната реализација може да се соочи со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење во текот на изведување на градежните работи‟, па господата пратеници измислиле „решение со кое го надминуваат проблемот‟, а кое е надвор од секакво здраворазумно однесување на совесни граѓани на оваа држава, уште помалку на пратеници. Господата пратеници, отворено и без нималку свест и совест за културните вредности на државата, бараат да се занемари заштитата на културното наследство која како темелна вредност е од исто толку голем јавен интерес за државата и нејзините граѓани и се остварува задолжително на територија на целата држава, без исклучок. Оттука не смеат да се дозволат било какви отстапки и законски процедури со кои остава простор за уништување на културно наследство, без разлика на инвеститорот и стратешкиот интерес.“, велат од МАД.

Оттаму го повикуваат пратеникот Арбер Адеми, како овластен предлагач, и останатите пратениците предлагачи итно да го повлечат предложеното дополнување на законот, а владата „да не дозволи заради бизнис интересите на одредени политички дисиденти да биде инвеститор во уништувањето на заедничкото културно наследство кое треба да го оставиме на идните генерации“. Воедно, од МАД апелираат до пратениците „да ја разбудат својата свест и совест, да го спречат донесувањето на криминални и штетни измени во Законот за заштита на културното наследство.

„За шверцерскиот обид со кој би се легализирало уништувањето на културното наследство Македонското археолошко друштво ги извести сите политички фактори во државата, претставниците на дипломатскиот кор и меѓународните институции за заштита на културното наследство“, велат од Македонското археолошко друштво.

Оттаму најавуваат дека во понеделник во 10 часот, пред Собранието ќе организаираат протест за да го искажат својот револт од ваквиот предлог. Тие уште информираат дека на протестот се поканети претставници од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, установите за заштита, медиумите и сите засегнати граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ