недела, 27 октомври 2024

Македонско-бугарска вежба за да не се повторат пожарите од 2021 година

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути истакна дека денешната вежба е уште еден доказ дека Дирекцијата е подготвена за сезоната на пожари која што  претстои, а дополнителен доказ за тоа како што напомена е дека 2021 која што беше критична година, каде што учествуваа и тимови од соседни земји, но и од други земји како Австрија и Словенија се добредојдени бидејки сите заеднички соработуваа и дејствуваа во однос на справување на пожарите на отворено.

„Денеска во траење од неколку часови имавме билатерална вежба односно гасење на пожари на отворено. Учествуваа тимови од Бугарија, наши тимови, доброволните друштва. ПЕ на општините кои што гравитираат во регионот, заедно со тимовите оз воздухопловот, еден од воздухопловите на ДЗС и сите други пропратни единци, камиони, механизации, учествуваа во гасење на пожари на отворено, каде што се вклучени и други работни точки односно точки за пребарување на лица коишто се оддалечуваат и исчезнуваат во случај на избувнување на пожарот на куќа итн.  Значи сценариото е да вежбата трае неколку часа на четири работни точки, а моментално се наоѓаме на претпоследната работна точка каде што дејствуваат доброволните друштва од регионот во гасење на пожари на отворено, а истовремено додека ние зборуваме ќе се подготвува и интервенција на нашиот воздухоплов во гасење на пожари на отворено“, рече Максути.

Ваквите вежби и заедничка соработка според Максути се многу важни во насока на заедничко дејствување на целиот систем при вакви непогоди.

„ДЗС е последната единица во ланецот на справување со ваквите несреќи, односно катастрофи коишто ги поминуваат границите на можностите на една општина односно на една институција. Затоа кажуваме дека кон едно вакво сценарио треба да се  сите за да дејствуваме што е помош можно поуспешно во справување со истите“, додаде Максути.

Подвлече дека со заеднички настап, само со заеднички напор и со здружување на сили и добра координација помеѓу институциите можеме да се каже дека тие се подготвени да се справат со било каква ситуација која што може да се појави во следниот период.

На настанот присуствуваше и раководителот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

А кавадаречките пожарникари се на обука во Марибор, Словенија.

Во текот на денешниот ден имаа обука на тема, „Основни тактики за опасни супстанции и хемиски средства“. Презентирана беше процедурата PIRS. Презентирани беа основите на работата на пожарникар при интервенција со Н.С. опрема за опасни материи, лична заштитна опрема и основна опрема за работа со опасни материи. Претставена беше основната опрема за работа со опасни материи. Се прикажуваше опремувањето со сите четири типа на противпожарна заштита на NS. Претставена беше основната опрема за заптивање и пумпање со НС., – импровизирано испумпување со рачна и пневматска пумпа, соопштија од Противпожарната служба.

пожарникари

Оттаму додадоа дека обуката содржела и имплементација на мала комплексна вежба со опасни материи, односно истекување на мазут.  

„Се користеа второ ниво на заштита, импровизирани методи на запечатување, како и работа со рачни и пневматски пумпи. По завршување на обуката, нашите пожарникари посетија неколку доброволни противпожарни друштва, каде од страна на домаќините им беше презентирана опремата, како и начинот на кој интервенираат и координираат со професионалните пожарникари од бригадата“, појаснија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ