сабота, 27 јули 2024
Започна одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

Македонско-бугарска делегација утре во Рим заедно пред спомен плочата во чест на Св. Кирил

Објавено на

часот

Сподели

„Не можам да прејудицирам кои теми и прашања ќе се отворат на утрешната средба со бугарската делегација. Но, секако директната комуникација е добредојдена и мислам дека оди во полза на изнаоѓање евентуални можни позитивни решенија во однос на процесите што ги водиме“, изјави Џафери по средбата со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана.

Џафери посочи дека парламентите се институции кои може слободно и подиректно да комуницираат и да го изразат односот во меѓусебната соработка и комуникација.

„Ние парламентарно комуницираме како што налага парламентарната демокаратија во двете земји. Престедателот на бугарскиот Парламент е нов. Ние се видовме во Прага, но еве овде имаме можност заеднички да ги чествуваме сесловенските просветители кои во времето кога делувале создавале нешто за општо добро. И во тој контекст нема никаков проблем заедно тоа утре да го покажеме, тие на нивната плоча, а ние на нашата плоча. Во тој контекст нема никаков проблем по однос на нештата кои се предмет на дневно политичкото комуницирање помеѓу институциите во двете држави“, изјави Џафери.

Претседателот на Собранието во Рим се сретна со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана. На средбата што се одржа попладнево во Домот на пратениците, Џафери и Фонтана констатирале дека Северна Македонија и Италија имаат одлична соработка и односите се на високо ниво од сите аспекти на комуникација.

Италија, како што изјави Џафери по средбата, е меѓу десетте најприсутни економии во Македонија и во тој контекст констатирано е дека може да се подобри учеството во инвестициите во нашата земја.

Двајцата соговорници размениле мислења и околу геостратешките и општите случувања во светот како последица на војната во Украина.

„Лоренцо го интересираше и нашето приближување кон потребите за завршување на скринингот и наредниот чекор по однос на обврските кои што ги имаме за отворање на преговорите со ЕУ“, рече Џафери.

Фонтана, како што изјави Џафери ја повтори безрезервната поддршка за евроинтеграциите, а ова кореспондира со тридецениската билатерална соработка помеѓу Северна Македонија и Италија.

Попладнево државно-црковната делегација ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ