Најголемото признание го доби Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар. Овој успех е уште една потврда за талентот и квалитетот на дигиталната писменост меѓу младите во Македонија.
Во тимот на успехот беше и Лука Зотовиќ од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, кој мајсторски ги претстави нашите бои на ACP натпреварот. Заедно со Илина Арсовска, Леонид Петковски и Огнен Бабунски, овие млади визионери го претворија својот сон во реалност, претставувајќи ја Македонија на најголемата глобална сцена за дигитална писменост.
„Овие натпревари не само што ги истакнуваат нашите најталентирани ученици, туку и ја промовираат важноста на дигиталната писменост како клучна вештина за иднината. Горди сме на нивните достигнувања,“ изјави Валентина Тасева, генерален директор на Semos Education.
Нивното учество беше овозможено благодарение на Семос едукација и со поддршка од Град Скопје и реномирани компании и организации кои го поддржаа престојот и учеството на овие мотивирани средношколци и нивните ментори.
„Горди сме што сме дел од оваа неверојатна приказна и што имавме можност да ги поддржиме овие млади таленти на нивниот пат кон светските успеси. Тие ни покажаа дека со посветеност и знаење, секоја цел е достижна“, вели Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.
Лани Ања Цветковска од СУГС „Раде Јовчевски -Корчагин“ го освои четвртото место во конкуренција на 133 натпреварувачи на светско ниво.