недела, 27 октомври 2024
МОН

Македонските студенти имаат можност да добијат стипендија за студии во Индија

Министерството за образование и наука информира за можноста студенти од Македонија да добијат стипендија за студирање во Индија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави МОН, индискиот Совет за културна соработка ( ICCR) во рамки на Lata Mangeshkar Dance & Music Scholarship Scheme обезбедува стипендии за Македонија за студирање на индиските универзитети за академската 2024-2025 година.

Студиите кои се нудат се во областа на индиски танц, музика, тетар, изведувачки уметности, скулптура, индиски јазик, индиска кујна и сл. Крајниот рок за пријавување е 30 април 2024.

Подетални информации се достапни на веб-страницата: http://a2ascholarships.iccr.gov.in 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ