Момците на Раде Стојановиќ имаа фуриозен старт на мечот, поведовме со 10-3 и веќе се беше решено. До крајот само го сочувавме водството зголемувајќи го за уште неколку погодоци за да забележиме триумф од 10 голови разлика.
Најдобар во составот на Македонија беше Димитар Узунчев кој постигна седум голови, Субашевски и Калајџиески реализираа по пет.
Утре Македонија од 12 часот игра против Хрватска во второто коло, а последниот меч од групната фаза го играме во петок против Австрија.