Благодарение на остварениот резултат на ова првенство, но и на денешната победа на Полска над Украина, македонските надежи се пласираа на Светското првенство.
На следниот Мундијал од Европа ќе учествуваат 16 селекции, а фактот што Полска е меѓу најдобрите шеснаесет значи дека сите останати петнаесет добиваат виза за СП.
Македонија успеа да се пласира меѓу најдобрите 16 на ова ЕП, ќе разигруваме за пласман од 9 до 16 место, тоа значи дека што и да се случи, ние имаме место на СП.
Македонија, во битката за што подобар пласман на ЕП ќе игра во група со репрезентациите на Франција, Полска и Романија.