Македонските ракометарки денеска го играат претпоследниот квалификациски дуел за Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски со победа во Баку и пораз на Литванија од Шпанија (денеска 18 часот) ќе го заверат пласманот на Европското првенство. Тоа ќе биде седмо учество за Македонија на континенталните собири.
Македонија е сериозен фаворит во дуелот со Азербејџан и сѐ освен наша победа би било изненадување. Во првиот меч одигран во Скопје победивме со 40-17.
Во последното коло, на 7. април од 18 часот ја пречекуваме Литванија во Скопје, влезот за тој натпревар е бесплатен.