четврток, 24 октомври 2024

Македонските ракометари тргнаа кон Стара Пазова, почнуваат подготовките за ЕП

Ракометарите на Македонија утринава се упатија кон Стара Пазова, Србија каде ќе ја одработат првата фаза од подготовките за настап на Европското првенство.
 

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Кире Лазаров во Стара Пазова ќе тренираат до 30. декември кога ќе се вратат во Скопје на завршниот дел од подготовките. Тргнувањето за Дизелдорф каде ќе го почнеме Европското првенство е предвидено за 8. јануари.

За време на подготовките во Стара Пазова Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора кој е закажан за 29. декември.

Македонија на Европското првенство е во група со Германија, Франција и Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ