петок, 13 декември 2024

Македонските ракометари денеска се селат во Берлин

По вчерашното отворање на Европското првенство во кое Македонија беше дел од светски рекорд, нашата ракометна експедиција денеска се префрла во Берлин каде ќе се одиграат преостанатите две кола од групната фаза.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија синоќа со пораз од Франција го почна настапот на Европското првенство. Французите беа преголем залак за нашите ракометари, исходот беше очекуван.

Настапот на Македонија ќе биде запаметен бидејќи бевме дел од Светски рекорд. Игравме на фудбалски стадион пред точно 53.586 гледачи, што е најмногу на еден ракометен меч во историјата на оваа игра.

Македонските ракометари денеска се префрлуваат во Берлин каде ќе го продолжат учеството на Европското првенство.

Следниот натпревар го играме на 14. јануари против домаќинот Германија, а два дена подоцна ќе се сретнеме со Швајцарија. Во нивниот меѓусебен дуел вчера Германците беа убедливи победувајќи со 27-14.

Слично како Франција, и Германија ќе биде голем фаворт против нас, тие ќе ја имаат и поддршката од навивачите. Момците на Кире Лазаров ветија дека ќе се обидат да се прикажат во подобро издание, имаат четири дена да се подготват за тој меч.

Место во следната фаза обезбедуваат само првите две селекции од групата, па мисијата да се продолжи настапот на шампионатот за нас е речиси невозможна. Ќе ни биде потреба сензационална победа над Германија за подолго да останеме на турнирот.

Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ