петок, 18 октомври 2024

Македонските одбојкари во Тбилиси ги почнуваат квалификациите за ЕП 2026

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 14 часот против Грузија ќе ги започне квалификациите за Европското првенство 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е огромен фаворит во овој натпревар бидејќи Грузија на последните 40 натпревари има исто толку порази, за разлика од нас кои врзавме учества на три последователни Европски првенства.

Покрај Грузија, во нашата група е и селекцијата на Грција против која играме на 25 август на домашен терен.

Првопласираната селекција од групата оди на Европско првенство. Пласман на континенталниот собир обезбедуваат и најдобрите пет второпласирани од седумте групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ