сабота, 19 октомври 2024

Македонските одбојкари по голема борба загубија од Хрватска во пет сета

Македонските одбојкари го доживеаа четвртиот пораз во петтиот меч од Златната европска лига, но не разочараа, храбро се држеа против домашната селекција на Хрватска, загубивме со 2-3 (31-33, 25-17, 29-27, 21-25, 12-15) во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Одбојкарската репрезентација на Македонија имаше реална шанса да направи изненадување во Осјек и да ја победи Хрватска која е прва во групата со пет победи од исто толку мечеви, се боревме храбро, водевме со 2-1 во сетови, на крајот го загубивме натпреварот во пет сета.

Првиот сет се играше на разлика, Хрватите имаа повеќе сет топки и на крајот го добија сетот со 33-31 и поведоа со 1-0.

Следуваше период на Македонија, вториот сет ни припадна нам со 25-17, а во вториот бевме подобро со 29-27 и направивме комплетен пресврт, поведовме со 2-1 во сетови.

Но, Хрватите повторно го кренаа нивото, го добија следниот сет со 25-21 и израмнија на 2-2. Во петтиот решавачки тие беа подобри со 15-12 и дојдоа до триумф од 3-2 во сетови.

Најефикасен во нашата селекција беше Никола Ѓорѓиев со 35 поени, Савоски имаше 15, а Владо Милев 12.

Утре Македонија има нов предизвик, во истиот термин, од 19 часот играме против Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ