сабота, 27 јули 2024

Македонските одбојкари ја почнаа мисијата – Европско првенство 2026

Македонските одбојкари со новиот селектор Хари Наковски ги почнаа подготовките за пласман на Европското првенство 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија најпрво ќе игра во Европската златна лига, а потоа ќе ги почне квалификациските натпревари, прво со Грузија на гостински терен, па со Грција дома. Тие два дуели се играат во август.

Селекторот Наковски смета на 15-мина одбојкари, денеска сите пристигнаа на собирот во Струмица каде што националниот состав ќе ја кова стратегијата за остварување на основната цел, пласман на континентуалниот собир.

Од стандардните, Александар Љафтов нема да биде со репрезентацијата во првиот сегмент, односно ќе се приклучи на средина на јули кога ќе почнат трензините за евроквалификациите.

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2025 Грузија – МАКЕДОНИЈА

24/25.08.2025 МАКЕДОНИЈА – Грција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ