Македонската Фаланга ќе доминира и на денешниот натпревар против Холандија, се најавува и зголемување на бројот на наши навивачи на натпреварите. Ракометарите ќе се чувствуваат како да играат на домашен терен, а ќе им даде ветер во грб за дуелот со силниот противник.
Македонците веќе се собраа во Пештерата и со песна и пиво се подготвуваат да ја одиграат својата улога во салата во Вараждин.