Нашите надежи одиграа солден натпревар, но не ги оскористија своите шанси и го загубија мечот.
Сепак натпреварот го одбележа една скандалозна грешка на турските судии. На полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението повторно влезе на местото од повреден играч. Судиите ја увидоа грешката, но дозволија Белорусија да продолжи да игра иако во составот имаше фудбалер кој излезе, па повторно влезе во игра.
Токму Цепенков кој не требаше да игра ни го даде третиот гол.
Единствениот гол за Македонија го постигна Стојанов во 82. минута.
Македонската У21 репрезентација останува во Анталија каде во вторник ќе се сретне со селекцијата на Азербејџан.