сабота, 27 јули 2024

Македонските надежи против Италија во вторник во Куманово

Објавено на

часот

Сподели

Надежите имаат одлична шанса да си ги проверат квалитетите

Селекторот Бобан Бабунски ги избра постојните сили за новата контролка, која е одлична проверка во почетокот на годината во пресрет на продолжението на квалификациите за ЕП во Израел идната година. Собирот на надежите е закажан за недела во 12 часот во хотелот „Континентал“, а мечот ќе се игра во Куманово во вторник од 13 часот.

Селекцијата на Италија во моментов има неколку калчолигашки фудбалери, кои се сметаат дека ќе бидат идни ѕвезди на тамошниот фудбал, пред сè Стефан Ел Шарави од МИлан, Алберто Палоски, кој играше за Милан и Џенова, Матија Дестро, Лука Мароне, Давиде Сантон од Интер… Селектор е поранешниот дефанзивец на Јувентус, Чиро Ферара.

Италија во квалификациите по пет меча има максимални 15 бода, додека нашата селекција има пет бода по три меча, што е најдобар старт на надежната селекција во едни квалификации.

ГОЛМАНИ

Филип Гачевски (Капфенберг, Австрија)

Столе Димитриевски (Кадиз, Шпанија)

ОДБРАНА

Кире Ристевски (Билис, Албанија)

Владица Брдаревски (Работнички)

Јасмин Мициновиќ (Шериф Тироспол, Молдавија)

Горан Силјановски (Ренова)

Горан Богдановиќ (Работнички)

Џелил Абдулa (Де Графшап, Холандија)

Ристе Митревски (Тетекс)

Дарко Стојанов (Брегалница)

СРЕДЕН РЕД

Стефан Спировски (Борац Чачак, Србија)

Јани Урдинов (Работнички)

Фљамур Таири (Теута, Албанија)

Стефан Ристовски (Кротоне, Италија)

Дарко Глишиќ (Напредок)

Мирослав Јовановски (Шкендија)

НАПАД

Маријан Алтипармаковски (Ксанти, Грција)

Илија Несторовски (Викторија Жижков, Чешка)

Самир Фазли (Херенвеен, Холандија)

Никола Јакимовски (Јавор Ивањица, Србија)

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ