Македонските надежи одиграа добар меч и во голем дел рамноправно парираа на селекцијата на Германија.
Резултатот беше отворен дури во 57. минута кога Пејчиновиќ погоди за водство на Германија. Шест минути подоцна Македонија изедначи преку Ѓорѓиевски.
Сепак Германците брзо го вратија водството. Бишов во 67. минута погоди за 2-1, а истиот фудбалер осум минути подоцна ги постави конечните 3-1.
За Македонија ништо не е загубено со овој пораз. На 17 октомври од 15:30, избраниците на Тони Јакимовски го играат последниот меч, против Казахстан и триумф на тој меч многу веројатно ќе ги однесе во следната фаза од квалификациите.